Добивај вести на Viber
Руската влада наскоро треба да донесе одлука за кредит од една милијарда долари помош за српскиот буџет за оваа и следната година, изјавил денеска министерот Милан Бачевиќ на Меѓувладиниот комитет за соработка во Москва. Според Бачевиќ првата транша од овој кредит која ќе изнесува 300 милиони долари, може да се очекува до крајот на оваа година.
Рускиот министер за енергетика Александар Новак, кој е ко-претседавач на комитетот, изјавил дека руското министерство за финансии добило официјално барање за кредит од страна на Србија и дека засега сите документи околу барањето се "предмет на разгледување". -Во блиска иднина ќе се одлучи за ова прашање", истакнал Новак.
-Српската страна се обрати со формално барање за кредит во висина од една милијарда долари, од кои 300.000.000 $ се за оваа година и 700 милиони евра за 2013 година.", објасни Новак.
- Министерот Новак ме информираше дека по барање испратено од Владата на Република Србија руската влада ќе се изјасни за спроведувањето на ова барање,можеби оваа недела или следната недела, владата на Русија ќе дискутира за тоа, но и дека треба да се очекува позитивен исход како што очекува и српската јавност, бидејќи ова ветување постои од септември ", изјавил министерот Бачевиќ.