26 Декември, 2024
0.0301

НДМ реагира: Една Бонева чини колку 20 текстилни работници

НДМ го повика Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да ја вразуми, како што велат „аздисаната Бонева“ и веднаш да побара од неа високите суми за патни трошоци да ги донира за настраданите во поплавите.

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Народно движење за Македонија се вознемирени од бесмилосното луксузирање на Силвана Бонева врз грбот на даночните обврзници со наплатувањето по 2.000 евра месечно за патни трошоци покрај основната плата од 1.000 евра, во услови кога текстилни работници протестираат бидејќи биле принудувани да работат по 11 часа за плата од 6.000 денари.

„Значи, според месечните примања само за патни трошоци, една Бонева вреди како 20 македонски текстилни работници. Потсетуваме, ова е старо правило за Бонева, бидејќи и како пратеник на собраниската благајна наплатуваше годишно по 24.000 евра за патни трошоци“, соопштуваат денеска од НДМ.

НДМ го повика Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да ја вразуми, како што велат „аздисаната Бонева“ и веднаш да побара од неа високите суми за патни трошоци да ги донира за настраданите во поплавите.

„Во спротивно, случајот Бонева го руши образовниот концепт на владеачката ВМРО-ДПМНЕ насловен како „знаењето е сила – знаењето е моќ“ бидејќи, Бонева со овие примања ги руши сите рекорди иако е со завршен вечерен факултет на 55 годишна возраст, од што произлегува дека вистинското знаење нема сила и нема моќ“, сметаат од НДМ.

Можеби ќе ве интересира

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?