18 Декември, 2025
0.0485

Нема царина за увоз на смрзнато месо - Преработувачите задоволни

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017 21:20

Добивај вести на Viber

Домашните преработувачи на месо се задоволни од новата одлука за укинување на царина за увоз на смрзнато месо бидејќи ќе им овозможи да бидат поконкурентни на пазарот во споредба со странските производители кои се силно застапени.

Од Групацијата за преработка на месо велат дека целта е да се стимулира домашното производство.

Царината при увоз на смрзнато свинско место за преработка, се движеше од 19, 25 и 36 проценти. 

Според Групацијата, оваа мерка треба да ја смени сликата во маркетите која сега е во прилог на странските производи. Се очекува со укинувањето на царинската давачка оваа година домашните капацитети да го зголемат производството за 16.000 тони или скоро за 30 проценти повеќе од лани.

Од групацијата уверуваат дека смрзнатото месо за преработка нема да заврши во трговијата, посочувајќи дека има ригорозни казни.

Лани биле преработени 11.500 тони месо. Според податоците, само 15 проценти од месото на македонскиот пазар било од домашно производство.

Мерката ќе ја користат само регистрирани капацитети, чија бројка во моментов изнесува 50 субјекти, од кои 12 не работат. Годишно производуваат 11 илјади и 500 тони полутрајни и трајни месни производи, а на домашниот пазар му се потребни 17 илјади тони. Од вкупно преработената количина,  само 15% е од домашно потекло, останатото е од увоз.  Состојбата би требало  да се промени по стапување на сила на оваа мерка. 


    Можеби ќе ве интересира

    Германија ги заострува условите за социјална помош

    Германија ги заострува условите за социјална помош

    Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

    Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

    (ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

    (ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

    Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

    Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

    Забави растот на платите во повеќе европски земји

    Забави растот на платите во повеќе европски земји

    Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

    Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

    Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

    Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

    Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

    Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

    Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

    Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје