НЕМА МИР ЗА МЕКСИКАНЦИТЕ: Уште еден силен земјотрес
Објавено во: Свет 29 Септември, 2017
Во југозападно Мексико денеска имаше земјотрес со јачина од 5.6 степени.
Потресот се случил во близина на сојузната држава Чијапас, а епицентарот е на 124 км од Трес Пикос, на длабочина од 24 км.
Нема податоци за жртви, ниту дали е издадено предупредување за цунами.
Пред десет дена во земјата имаше силен земјотрес од 7.1 степени при што загинаа 344 лица, а пред тоа во месец септември исто имаше силен потрес кој однесе над 90 жртви.