29 Мај, 2024
0.1008

Нема угостителски услуги во обложувалници по 23 часот

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници велат дека тоа произлегува со новите мерки за заштита од Ковид-19. 

„Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако со одлука на Владата, спортските обложувалници од 13 мај повторно ги отворија своите уплатно-исплатни места, работиме во целост согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и ниту еден наш објект не е затворен заради Ковид-19. Продолжуваме доследно да се придржуваме до протоколите, грижата за нашите вработени и играчи и заштитата на колективното здравје остануваат наш највисок приоритет, стои во соопштението. 

Од АСОМ апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита. Велат дека според проколот за работа,  во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.

Потсетуваат дека спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Велат дека и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.


Можеби ќе ве интересира

ЗЛАТО И СРЕБРО: Ќе поскапуваат во следните 12 месеци

ЗЛАТО И СРЕБРО: Ќе поскапуваат во следните 12 месеци

ГЛОБАЛНАТА ЖЕД ЗА НАФТА ЌЕ РАСТЕ НАЈМАЛКУ ДО 2034 ГОДИНА: Еве ги предвидувањата на Голдман Сакс

ГЛОБАЛНАТА ЖЕД ЗА НАФТА ЌЕ РАСТЕ НАЈМАЛКУ ДО 2034 ГОДИНА: Еве ги предвидувањата на Голдман Сакс

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД Г7: Целата светска економија е во опасност поради евтиниот кинески извоз

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД Г7: Целата светска економија е во опасност поради евтиниот кинески извоз

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

Илиев: Неопходно е подобро кариерно насочување на младите и стратешки промени

Илиев: Неопходно е подобро кариерно насочување на младите и стратешки промени

СТУДИРААТ И РАБОТАТ: Младите бараат начин да не бидат целосно на товар на родителите

СТУДИРААТ И РАБОТАТ: Младите бараат начин да не бидат целосно на товар на родителите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми приходи и добивки од рударство - Нефи Усеини и синот на Митко Чавков меѓу првите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми приходи и добивки од рударство - Нефи Усеини и синот на Митко Чавков меѓу првите

УШТЕ ЕДЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Во „Вартекс“ се купуваа најскапите одела и капути, а сега оди во пропаст

УШТЕ ЕДЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Во „Вартекс“ се купуваа најскапите одела и капути, а сега оди во пропаст

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РОМАНЦИТЕ: Државата ги зголеми најниските плати за 10 проценти

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА РОМАНЦИТЕ: Државата ги зголеми најниските плати за 10 проценти