20 Април, 2024
0.0253

Нешто не е јасно со „Јасен“: Бункерот на Тито и натаму крие тајни

Објавено во: Стил 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Дали „Јасен“ и натаму ќе остане стар и неискористен Титов бункер или ќе ги добие првите станари? Ова прашање деновиве се повеќе се актуелизира, откако медиумите објавија дека резерватот се подготвува за евентуална воена состојба каде би се сместиле семејствата на претседателот Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Назначувањето на еднодневниот министер, Оливер Андонов, за нов директор на "Јасен", уште повеќе ги подгреа гласините дека нешто нејасно се случува во „Јасен“.

Површината на "Јасен" изнесува 31.127 хектари и во територијална смисла се дели на неколку дела: Кула, Ивање (во чиј склоп влегува кањонот  Матка), Катланово, Акумулациите Козјак, Матка и Света Петка.  

Тајна чувана пет децении

Шумскиот резерват Јасен е прогласен од Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија во 1958 година. Во 2005 година Владата, на чело со тогашниот премиер, Владо Бучковски го трансформира во Јавно Претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен“.

Но, освен недопрената природа во резерватот, овој предел крие многу тајни низ децениите по Втората Светска Војна. Низ јавноста долго време се слушаше за тајниот бункер на Тито во „Јасен“, но тие муабетите останаа пола во неверување, пола во теории на заговор. Се до крајот на 2005 година кога „Јасен“ за прв пат ги отвори вратите за новинарите, кои по педесет години дискреција, влегоа во тајниот град на Тито.

Новинарите тогаш известија дека во подземниот бункер можат да се засолнат 50 луѓе и таму да живеат подолг временски период. Одлично е камуфлиран да не се гледа од воздух, а отпорен е на атомско, биолошки и нуклеарно оружје. Во центарот на бункерот, кој е составен од долги ходници, се наоѓа командниот штаб наменет за воениот и државниот врв да даваат наредби во случај на војна.  

Подземен град и во Куманово

По наредба на врховниот командант маршалот Тито подземни објекти на ЈНА се градени во Србија (7), БиХ (6), Хрватска (5), Словенија (3), Црна Гора (3), Македонија (2). Изградбата на 26 објекти, градени од педесеттите до деведесеттите години, според воените информации чинело околу 90 милијарди долари.

Овие објекти биле тврдини на Тито и тајни градови, кои ЈНА ги користела и после неговата смрт. Тие тајни засолништа поради функционалноста и заштитата од непријателски напади дури биле и пример по кој Садам Хусеин и Муамер Гадафи со помош на југословенските оперативци ги граделе своите подземни бункери.

Според пишувањата на српски медиуми, подземен град има и во Куманово, но тој е под надзор на армијата на САД и силите на НАТО.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган