19 Декември, 2025
0.1940

Невена Смилевска, CEE Bankwatch Network: Потребно е да ја поттикнеме енергетската транзиција на домаќинствата за да се намали енергетската сиромаштија

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2023 16:09

Добивај вести на Viber

“Потребно е да ја поттикнеме енергетската транзиција на домаќинствата за да се намали енергетската сиромаштија. Мерките поврзани со преминот кон обновливи извори на енергија треба да бидат насочени кон сите граѓани, со тоа што постојат различни ставови кои граѓани имаат предност во овие мерки. Еден од можните пристапи е во првиот период, мерките да се насочат кон граѓаните со средни приходи со цел забрзано да се зголеми инсталираниот капацитет на кровни фотоволтаици преку помагање на граѓаните кои би сакале и имаат техничка можност да постават кровни фотоволтаици, но им е потребна финансиска поддршка за да го направат тоа”, вели Невена Смилевска, Координатор за праведна транзиција за Западен Балкан во CEE Bankwatch Network, во интервју за Бизнис вести.

Смилевска посочува дека доколку како држава сакаме да осигураме дека ќе имаме енергетска безбедност во иднина, т.е. дека ќе има доволно енергија за сите, тогаш единствениот избор е пренасочување кон новите обновливи извори на енергија преку праведна транзиција.

“Ваквите мерки мора да бидат придружени со мерки кои истовремено ќе овозможат развој на регионите кои во моментов се зависни од искористувањето на јаглен (лигнит), како што се Битолскиот и Кичевскиот регион. Најдобра пракса за ова е паралелно да се развиваат повеќе различни економски гранки кои ќе овозможат диверзификација на економскиот развој. Производството на сончева електрична енергија на локацијата каде сега се наоѓаат рудниците секако е добра опција, а некои од другите можности се поврзани со производство на храна, одржлив туризам, но и воведување на концептот на циркуларна економија прво во овие региони како тест региони, а потоа и проширување на целата држава”, додава таа.

Запрашана колку години се потребни за граѓаните да ги осетат првите видливи резултати од енергетската транзиција, Смилевска истакнува дека тоа би се случило веднаш штом се поедностави и финансиски поддржи поставувањето на кровни сончеви панели за домаќинствата.

“Голем придонес во забрзувањето на видливите ефекти ќе даде и олеснувањето на нивното поврзување на дистрибутивната мрежа, но и поддржувањето на системи за одржливо загревање на домаќинствата. Со ова граѓаните ќе имаат поголема слобода во производството на електрична и топлинска енергија, истовремено намалувајќи ја зависноста од огревно дрво или природен гас бидејќи тие придонесуваат кон загадувањето на воздухот, зголемувањето на енергетската сиромаштија и негативно влијаат на климатските промени”, заклучува Смилевска. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии