НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе западно Мексико
Објавено во: Свет 25 Септември, 2017
Уште еден силен земјотрес го погоди Мексико.
Потресот е со јачина од 5,9 степени по Рихтер, а го зафати западниот брег на земјата, вели Центарот за предупредување за цунами во Тихиот Океан.
Во вторникот државата беше погодена од земјотрес со јачина од 7.1 степени. Следеа неколку силни потреси, а бројот на загинати се движи накај 400.
Асошиетед прес објави дека Вулканот Попакаетл емитирал облак од пепел околу два километри во воздухот. Експертите веруваат дека активноста на вулканот не е поврзана со земјотресите што го потресоа Мексико.
Овој месец во Мексико имаше два силни земјотреси кои однесоа голем број животи, и направија големи материјални штети. Цели згради се урнаа во Мексико Сити.