Нови 30 дена притвор за Игор Југ, осомничен за водач на насилната група
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2017
Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на Игор Југ по проширената истрага што ја отвори Обвинителството.
Откако му заврши осумдневниот притвор што му беше одреден за учество во инцидентите на „крвавиот четврток“, Игор Југ беше однесен на распит во Обвинителството, а потоа во суд пред судија на претходна постапка.
Обвинителството го товари за за неовластено поседување оружје и дека бил водач на групата која упадна во Собранието.
„Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава. Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од Кривичниот законик, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години“, соопштуваат од Обвинителството.