Добивај вести на Viber
Кинеските власти планираат во многу градови да воведат ограничувања за купување на автомобил за да се намали загадувањето на воздухот, објавија кинеските медиуми.
Ова ограничување веќе е воведено во четири големи градови, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај, а сега се планира тоа да се воведе и во уште осум милионски градови. Со новите мерки годишно треба да се намалува бројот на нови автомобили на улиците од овие градови за 400.000.
Кина во последниве години стана најголемиот пазар на автомобили во светот, а само минатата година во земјата се продадени 13 милиони нови автомобили. Издувните гасови од моторните возила се сметаат за најголемиот поединечен загадувач на воздухот во Кина.