18 Декември, 2025
0.0915

Новогодишно славење - некој со полна трпеза, некој со празен стомак

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2017 08:44

Добивај вести на Viber

Додека многумина новогодишните празници ќе ги прославуваат во кругот на семејството или ќе уживаат во скапи  аранжмани и хотели  во некоја туристичка дестинација, за Благоја Бошков Новата година ќе стартува со нови маки. Бездомнички. Така е вели последниве осум години. Откако сопругата го напуштила и се развела од него и му ги зела трите деца, неговиот живот станал пекол.

“Осум години живеам по улици, две операции имам на ногата. Невладина организација ме носеше на операција. Порано работев како молер, имав пристојна работа. Почнав со  алкохолот  и се отиде наопаку. Паднав од мост и се поредив. Сега сум во количка. Многу е тешко“ - вели Благоја Бошков.

Секојдневно ги гледа минувачите како уживаат во  градските светла и прошетки, но  за него  се само  мачнина. Иако е пред нивните очи никој не го забележува.  Живее во импровизиран шатор во центарот на Скопје под мостот кај Холидеј ин, а се чувствува како да е на најпустото место на светот. Стравува како ќе ја мине зимата. Студот вели влегува во коски. Зиме му е најтешко.

Вели веќе  заборавил што значи редовен оброк и топол дом.  Борбата да преживее секој ден е се потешка и неизвесна.Во вторник и  петок го посетува пунктот за бездомници  на Црвениот крст во Момин поток, каде може да се избања и да земе топол оброк, облека.Но вели не се  живее со корка леб и паштета.

“Неможам да јадам само по два пати. Кој јаде еднаш или два пати. Просам во центарот на градот и  парите ги трошам за јадење. За друго нема” -раскажува Бошков.

50 годишниот бездомник има проблеми со екстремитетите и движењето. Од време на време му помага еден од ретките пријатели по име Река. Како што вели колку да не умре од глад.

Зависи од добрината на хуманите луѓе и подадената рака. Во саботите здружението “ЉУБЕЗНОСТ”  му носи топол оброк, често го снабдува со ќебиња, вреќа за спиење, лекарства. Неколкупати досега раскажува дека му  било  понудено да биде сместен во прифатилиштето за бездомници во Чичино село, но поради лошата безбедност и лошите услови во самиот комплекс  ја одбил  понудата.

Во Новата 2017 година, бездомникот Благоја има само една желба,  да се исправи и да се врати на занаетот, да почне да заработува. Се надева дека  конечно  ќе може да ја реализира  својата желба.

Во Македонија  има околу стотина бездомници  кои секојдневно се пред очите на граѓаните,  но сепак ретко кој ги забележува. Луѓе кои  ги врзува само едно- суровиот живот на улицата.

Според податоците  на Организацијата на Обединетите нации, во светот живеат над 100 милиони бездомници. Просечно секој десетти граѓанин на Планетата земја нема сопствен дом.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии