18 Декември, 2025
0.0631

ОБЕСХРАБРЕНИ РАБОТНИЦИ: Со години чекаат работа и на крај „креваат“ раце!

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2016 08:11

Добивај вести на Viber

Половина од невработените чекаат работа повеќе од пет години. Странските директни инвестции помогнаа да се отворат нови работни места, но во исто време предизвикаа сериозни поместувања на пазарот на труд – преку вработување на нискоквалификувана работна сила. Младите луѓе и натаму најмногу на удар на невработеноста, особено оние со диполма во рака. Ова се дел од наодите во истражувањето“Неусогласеност на (не)вработеноста на пазарот на труд во Македонија од аспект на знаења и вештини“ потпишано од Викторија Атанасовска-Новески и универзитетскиот професор Предраг Трпески.

Долгорочна невработеност ја јаде економијата ..

Македонија се соочува со долгорочна структурна невработеност која не е типчна само за периодот по транзицијата, туку и пред неа, се наведува во истражувањето во кое се анализира невработеноста како проблем кој ја вбројува земјава во групата на оние со најголем број на нверботени.

“Денес Македонија има една од највисоките стапки на невработеност во Европа. Стапката на невработеност е далеку над просекот на ЕУ, но исто така и далеку повисока стапката на невработеност во новите земји членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата. Споредено со ЕУ, стапката на невработеност во Македонија е речиси три пати повисока“ - се нотира во истражувањето.

Според анализата, пазарот на труд во Македонија во периодот на транзиција во голема мера бил неурамнотежен, односно по осамостојувањето и прифаќањето на принципите на пазарна економија, понудата на работна сила драстично ја надминувала побарувачката. Високата невработеност од 22,6% при осамостојувањето на земјата во 1991 година, значително пораснала во првите неколку години од осамостојувањето, познати како период на економска стабилизација и во целиот период на транзиција се задржала на високо ниво над 30%.

“Ова покажува дека невработеноста во земјата не е исклучиво транзициски проблем бидејќи наследената стапката на невработеност од предтранзицискиот период беше висока“, се посочува во анализата.

Необразованите и младите – најподложни на невработеноста..

На пазарот на труд во Македонија егзистира синдромот на „обесхрабрени работници“, бидејќи скоро половината од невработените лица чекаат за вработување повеќе од 5 години – оценуваат авторите на анализата и посочуваата дека политиките за промени во насока на подобрување на образовната структура на невработените лица се од клучно значење.

“Особено голем проблем е структурата на невработеноста од аспект на староста, образованието и времето на чекање за вработување. Една од задачите што земјите членки на Европската Унија ја поставуваат пред себе, меѓу останатото, е и намалување на јазот во невработеноста, помеѓу младото и постарото население, каде невработеноста кај младите во некои земји е дури и двојно поголема. Во Македонија постојат големи разлики помеѓу стапките на невработеност според годините на старост.“ - се нотира во истражувањето и се додава:

“Највисока стапка на невработеност се забележува кај старосната група од 25 до 34 години. Ова се поклопува со тезатaдека половината од невработените лица чекаат за вработување повеќе од 5 години.Најголема стапка на неврабоеност се забележува кај оние со завршено основно и средно образование.“

Според економистите, времето на чекање за вработување е еден индикатор за тоа колку добро функционира пазарот на трудот и колку понудата кореспондира со побарувачката на работна сила.

“Долгорочната невработеност е сигнал дека пазарот на трудот не фунционира добро и дека пречките за вработување се од структурна природа. Доколку времето на чекање за вработување е многу долго тогаш се намалува квалитетот на човечкиот капитал, луѓето ги губат оние вештини и квалификации кои ги стекнале во процесот на образование или обука па затоа уште потешко може да најдат вработување. Така се јавува ефектот на обесхрабрени работници. Оние кои подолго време чекаат да се вработат се откажуваат од понатамошно барање работа“, се заклучува во анализата.

Во насока на намалување на невработеноста, според истражувањето помоглнале странските директни инвестции но од друга страна тие отвориле и нов проблем на пазарот на труд.

“Странските директни инвестиции допринесуваат за продлабочување на јазот во неусогласеноста на невработеноста. Со други зборови, трендот на запишани студенти во високо научни институции е речиси тројно зголемен во однос на 1991 година, додека пак СДИ генерално прионесоа за отворање на работни места за ниско квалификуван кадар. Уште повеќе, имајќи ја предвид природата на СДИ произлегува дека е зголемена потребата од кадар од сферата на техничките науки. Меѓутоа, во Македонија помалку од 15% од студентите ги изучуваат овие науки.“, констатираат истражувачите.

Во анализата, меѓудругото, се посочува дека на пазарот на труд во Македонија е неопходно да се дефинираат т.н. ранливи групи а ваквиот концепт би вклучил лица кои се долгорочно невработени, лица кои се неактивни и не се регистрирани како невработени, но и лица кои се вработени, но се со висок ризик да го изгубат работното место и да останат без работа.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа