07 Мај, 2024
0.0256

Од каде доаѓа валканиот кеш на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Се множат истрагите на Специјалното јавно обвинителство во кои осомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во најновите случаи, „Талир“ и „Траекторија“, ќе се гони за перење на пари и злоупотреба на службената положба. 

Тројката од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска ги образложија нивните сомневања поткрепени со докази, а по неколку часа тројца сопартијци на лидерот го бранеа на прес конференција:Емил Димитриев, Антонио Милошоски и Никола Поповски. 

Со изјава се јави и лично Груевски кој обвини дека целта „на партијата СЈО-СДСМ е да се искомпромитира партијата и тој како лидер“. 

Според доказите на СЈО, Груевски создал криминална група со помош на која незаконски стекнати пари ги внесувала во партијата како донации од физички лица. На таков начин дури 5 милиони евра биле уплатени на жиро сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со нив бил купуван недвижен имот, пасишта, ниви или вкупно СЈО нашло докази за договори за 78 недвижен имот. Истрагата се однесува за незаконско финансирање на партијата во периодот од 2009 до крајот на 2015 година.

„Мотивите на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и во обезбедување на целосна контрола над политичката партија“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Помеѓу 14-те осомничени за случајот „Талир“, освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се наоѓаат и повеќе високи функционери од партијата од кои најголем број се членови на Извршниот комитет. 

Осомничен за овој случај е и Мартин Протоѓер, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен генерален секретар. Осомничени се и Емил Димитриев и Кирил Божиновски, како генерални секретари на партијата. 

Потоа Илија Димовски, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, како и Иво Котевски и Александар Бичиклиски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Под истрага на СЈО се и уште тројца партиски функционери.

Наводните донации се слевале на жиро-сметката на партијата, а биле уплаќани преку домашни банки. Тимот на СЈО набавил 11.866 такви уплатници напишани со ист ракопис, од фиктивните донатори, уплаќани во исти банкарски експозитури низ државата во временски распон од само 30 секунди.

Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон. Според обвинителката, Фатиме Фетаи, несразмерноста во инвестицијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Бетон се смета како донација од компанијата, што партијата не смеела да ја прими со оглед на тоа што градежната фирма извршува јавни работи. Се работи за огромна сума од два милиони евра.

Се огласи и Груевски. Но, не од партиското седиште, туку од увид на изградбата на автопатот кон Штип, за кој е осомничен во другиот случај „Траекторија“. Според него, случаите покренати од страна на СЈО се темелат на невистини и манипулации и имаат за цел политички прогон за раководството на партијата и на Груевски.

„Денешната прес-конференција на СЈО само уште еднаш докажа дека целта на СЈО не е ниту правна разрешница ниту откривање на вистината, туку уништување на ВМРО-ДПМНЕ како партија како политички опоненет на нивната партија, партијата на СЈО-СДСМ. Обид да се разбие ВМРО-ДПМНЕ за да може СДСМ слободно во иднина да ги спроведува политиките за коишто се обврза пред своите партнери во владината коалиција и пред оние коишто ја поддржуваат, рече Груевски.

СЈО побара замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на новата партиска зграда. 

Колку тежи ВМРО-ДПМНЕ?

Според истражувањата на медиумите, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни, што ја први оваа партија една од најбогатите и најимотните партии во Европа. Вредноста на целиот нејзин имот се проценува на околу 60 милиони евра.

Законот за финансирање на политички партии предвидува дека партиите смеат да поседуваат само деловни простории. Доколку добијат на подарок или донација друг вид на недвижен имот должни се да го продадат на судска лицитација. 

Истрагата, како што најавија од СЈО, не запира со досегашните осомничени во „Талир“. Дали ќе има нови осомничени, ќе покажат доказите до кои ќе дојде тимот на Катица Јанева, но она што допрва треба да се истражува е од каде потекнува незаконскиот кеш кој потоа се пере преку партиските сметки и се инвестира во недвижен имот. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци