19 Април, 2024
0.0384

Од каде ЕЛЕМ ќе плати 1,9 милиони евра за струјата што ја купи за 5 дена?

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

ЕЛЕМ ќе плати 1,9 милиони евра за 14.568 мегават-часови струја кои се наменети за да задоволат дел од потребите на тарифните потрошувачи во 5 дена. ЕЛЕМ пишува дека овој трошок нема негативни финансиски импликации кои во целост ќе биле нивелирани со приходи од продажба на струја во ноември и декември. Но на нивниот сајт може да се најдат податоци за приход од 0,186 милиони евра од струја што ја испорачале во ноември, а ја продале во октомври. За продажби во ноември и во декември воопшто нема податоци на интернет страницата.

Македонската државна компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ на 4 аукции купи 14.568 мегават-часови електрична енергија за што ќе плати 1,9 милиони евра, ова се податоци кои Фактор.мк ги обработи, а се јавно достапни на интернет страницата на ЕЛЕМ. Овие количества струја се набавени за периодот 8,9,10, 11 и 12 јануари. За овие пет дена дравната компанија ќе плати 1.906.259 евра за 14.568 мегават-часови електрична енергија. Просечната цена за еден мегават-час електрична енергија што ќе ја плати ЕЛЕМ е 130,85 евра.

 Само за споредба ЕЛЕМ од произвдоството на струја од државата наплаќа околу 44 евра (регулираната цена за производство на електрична енергија што ја утврдува Регулаторната комисијата за енергетика).

Во соопштението на ЕЛЕМ до јавноста се објаснува дека компанијата купува по пазарни цени електрична енергија заради дефект во еден од блоковите во најголемата македонска термоелектрична централа РЕК Битола. 

При тоа во соопштението пишува дека цитираме „набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, минатата година.“
Фактор на посочената адреса на интернет страницата не успеа да ги најде резултатите од аукциите за продажба на електрична енергија на ЕЛЕМ на аукции организирани во ноември и декември. 

Од достапните резултати објавени на интернет страницата на ЕЛЕМ се гледа дека компанијата на месечна аукција од 1 до 30 ноември успеала да продаде вкупно 3.600 мегават-часови електрична енергија и тоа во порции од по 5 мегават-часови во периодите од 8 до 20 часот во тие триесет дена. Продадени се по 5 мегават-часови на двајца купувачи кои купиле по 1.800 мегават-часови електрична енергија. Првиот платил 51,8 евра за мегаватчас, а вториот 51,7 евра за мегават-час. Вкупно од таа продажба ЕЛЕМ инкасирал 186.300 евра. 

Од податоците на сајтот не може да се најде дека ЕЛЕМ продал електрична енергија во ноември и во декември 2016 година, како што пишува во нивното соопштение до јавноста. Од достапните податоци исто така има голема диспропорција помеѓу инкасираните пари од месечната аукција за ноември односно 0,186 милиони евра кои ги добиле за струја што ја продавале цел месец и парите што треба да ги платат за струја што ќе ја купат за да задоволат потреби во 5 дена во јануари. А во соопштението пишува дека негативните финансиски импликации биле нивелирани во целост со парите од продажбата во ноември и во декември за кои не можат да се најдат податоци на нивниот сајт. 

Што ќе се прави?

Стручната јавност е поделена меѓу две опции. Прво, овој маневар на ЕЛЕМ отвора простор за ангажман на ТЕЦ Неготино во овие услови. Зарем не може ТЕЦ Неготино да испорача струја за 130 евра за мегават-час? Па мора да се прават аукции на кои ЕЛЕМ ќе купува струја, а може да даде налог на ТЕЦ Неготино и да се вклучи таа централа која е државна сопственост и се чува за вакви ситуации? Секако ако одговара цената. А тоа треба ЕЛЕМ да го каже. И второ, за стручните лица во овој момент исплива на површина повторно неажурноста и лошото законско решение со кое на време не му се даде можност на ЕЛЕМ да купува струја порано и со тоа да ги чува сопствените ресурси за моменти како овој кога струјата на пазар е со цени кои се неколкукратко повисоки од вообичаените цени. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите