15 Јануари, 2025
0.0436

Од кои ЕУ земји Македонија повеќе произведува струја од ветар?

Објавено во: Економија 07 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Само 2,3 отсто од вкупната електрична енергија произведена во Македонија потекнува од силата на ветрот. Тоа е струјата што се добива од турбините во ветерниот парк во Богданци и според овој процент заостануваме зад просекот на Европската Унија (ЕУ), но утешително е дека на овој план, сепак, сме пред некои од земјите- членки.

Во ЕУ, околу 315.000 гигават- часови од вкупно произведени 3,1 милиони гигават- часовиелектрична енергија доаѓаат од ветерни централи. Со други зборови, силата на ветерот придонесува за 10 отсто од целата струја произведена во ЕУ во 2016 година, покажуваат податоците на Евростат.

Од сите земји- членки на ЕУ, Данска со удел од 46 отсто бележи рекордно учество на силата на ветрот во вкупното производство на електрична енергија. По неа следат Литванија (27 отсто), Ирска (21 отсто), Португалија (20 отсто), Шпанија (18 отсто) и Велика Британија (14 отсто).

На дното на листата се наоѓаат земји како Малта, Словенија, Словачка и Чешка, сите со удел помал од 1 отсто. Летонија и Унгарија имаат многу мало учество на ветерот во производството на струја, (двете по 2 отсто), исто како и Франција, Луксембург и Финска (сите по околу 4 отсто).

Учеството на ветрот од 10 отсто во 2016 година во ЕУ е пет пати повеќе во споредба со 2005 година, кога уделот беше 2 отсто. Со тоа, ветерот е четврти по важност извор на електрична енергија во ЕУ, по конвенционалните термо- централи (49 отсто), нуклеарките (26 отсто) и хидроелектраните (12 отсто).

Споредено со 2005 година, учеството на ветерот како извор на енергија во вкупното производство на струја расте во сите земји- членки на ЕУ. Најголем раст се забележува во Литванија ( од 0 отсто на 27 отсто), Данска (24 процентни поени, пп), Португалија (17 пп), Ирска (16 пп), Велика Британија (13 пп), па Шпанија и Германија (по 11 пп).

Ве­тер­ни­от парк во Бог­дан­ци е вклу­чен во елек­тро­е­нер­гет­ски­от сис­тем на земјава во 2014 година. Составен е од 16 ветерници, а инсталираниот капацитет на ветерната електроцентрала изнесува 37 мегавати, што е доволно за про­ек­ти­ра­но­то годишно производство на околу 100 ми­ли­о­ни ки­ло­ват-ча­со­ви елек­трич­на енер­ги­ја, во зависност од надворешните услови. Овој капацитет е ре­чи­си до­воле­н за за­до­во­лу­ва­ње на пот­ре­би­те од елек­трич­на енер­ги­ја на Гев­ге­ли­ја, Дој­ран и на Бог­дан­ци, односно населено место со 60.000 жители. Во втората фаза од изградбата на оваа ветерна централа е предвидено да се постават уште шест ветерници со што инсталираната моќност ќе се зголеми за 13,2 мегавати.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина