18 Декември, 2025
0.0504

Од врв до дно- животна приказна на бездомникот Таир Даут

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018 07:14

Добивај вести на Viber

Некогаш со свој бизнис, денес бездомник. Животната приказна на 58 годишниот Таир  Даут  е полна со падови и животни грешки, кои вели го научиле на потежок начин колку е скапа цената на коцката и пороците. Животот му приредил многу удари. Отпрвин мислел дека со коцкање  лесно може да заработи, но финансиските малверзации и криминалот  го донеле само  до затворска келија. Една година ја одлежал затворската  казна, но поголема мака видел кога излегол од затворските ѕидини. Останал сам и на улица. Под ведро небо. Талкал по улици и паркови. Се развел од сопругата, ќерките го напуштиле.


“Поминав тежок период во мојот живот. Секој ден се навраќам како беше, ама нема назад. Јас сум крив за целата состојба. Виновен  сум за разводот од сопругата, им правев проблеми. Децата тргнаа по свој пат, не комуницираме. Коцката е  лоша работа од која тешко се излегува. Една поука од моја страна  е никако да не  се почнува со таков порок. Една година бев во затвор, а потоа  мојот дом беше улицата. Паднав на дно, многу беше тешко”-вели Таир.

Надежта му ја вратил Црвениот крст од каде му дале шанса да работи и да си ја врати волјата за живот. Се вработил како како бербер во пунктот за бездомници. Прима социјална помош од 1400 денари. Вели колку за храна, за друго не стигнуваат. Често легнува и со празен стомак.

“Тешко е да се преживее со толку пари. Благодарен сум што во пунктот ме прифатија веднаш, ми дадоа нова шанса. Кога доаѓам тука се чувствувам сигурно и корисно”- додава Таир.


Тој неколку години живее  во гаража во скопски Бутел,  но во неа нема ниту струја, ниту греење. Зиме вели му е најтешко поради студот. Очекува помош од хуманите луѓе и институциите.

“Гаражата ми е единствен дом. Немам струја, условите се лоши но сепак имам кров над глава. Верувам дека ќе добијам помош за да ја направам пристојно место за живеење. Сакам да работам но кој ќе ме прими на моја возраст и со срцеви проблеми. Се поправив, потребна ми е поддршка. Секаков вид помош е добредојдена, било тоа да е морална, или материјална поддршка”- вели Таир.

Сонува еден ден да се види  со сопругата и ќерките,  да им објасни за она што го дотуркало до тука, за се што преживеал низ годините. Секој празник  другар му е самотијата, а тогаш вели му е најтешко.  


“Сакам само еден ден да имам топол дом. Потребна ми е финансиска помош  за да ја средам гаражата. Опериран сум четири пари, имам четири бај паса на срцето. Не можам сам да работам, затоа молам за помош. Хумани луѓе има, донираат, но сепак тоа не е решение на целиот проблем. Цели пет години живеев на улица. Можеби ќе дојде повторно тој ден да си го соберам семејството”- потенцира бездомникот.

Околу педесетина  лица секојдневно доаѓаат во пунктот во Момин Поток. Според официјалните статистики на Центарот за социјална работа во Скопје има 318 бездомници. Но според Црвениот  Крст бројката  е неколку пати  поголема.  Според проценките на Обединетите нации, ширум светот има повеќе од 100 милиони бездомни лица, а над една милијарда луѓе живеат во несоодветни живеалишта.

Таир Даут е само еден од стотиците бедомници низ Скопје кои носат своја приказна и поука. Тој ги советува младите луѓе да стојат што подалеку од пороците,  со кои вели  еден ден го живееш сонот, а веќе другиот си на дното.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери