10 Мај, 2024
0.0261

ОФИЦИЈАЛНО: Последната фаза од либерализацијата на пазарот на струја се одлага до 2020 година!

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Беким Незири и официјално потврди - либерализацијата на пазарот на електрична енергија, наместо на 1 јануари 2015 година, ќе заврши дури во 2020 година. Како што објави Фактор, целосното отворање на пазарот за струја кое требаше да ги опфати домаќинствата и малите фирми се пролонгира. Се воведуваат нови пет фази, од кои првата ќе започне во 2016 година, а целосно либерализиран пазар на електрична енергија Македонија ќе добие дури во 2020 година. Одлуката, вели Незири, е донесена по спроведени низа анализи и пресметки кои покажале дека доколку либерализацијата започне на 1 јануари 2015 година струјата за домаќинствата ќе поскапи од 17,7 до 20 отсто. „Поради овие причини Владата реши да направи измени во Законот за енергетика и на Собранието му достави Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика со кој се предвидува либерализација на пазарот на електрична енергија да се направи во две етапи. Првата етапа ќе биде пролонгирање на либерализацијата на електричната енергија од 1 јануари 2015 до 1 јули 2016 година. Втората етапа ќе почне да се имплементира од 1 јули 2016 и ќе се спроведува во пет фази. Во првата фаза на 1 јули 2016 година со својство квалификуван потрошувач ќе се стекнат потрошувачите кои во 2015 година имаат остварено вкупна потрошувачка на електрична енергија од над 1.000 мегават-часови. Во таа категорија спаѓаат околу 100 потрошувачи со вкупна очекувана потрошувачка од 300 гигават-часови електрична енергија. Втората фаза, појасни, ќе почне на 1 јули 2017 година кога квалификувани потрошувачи ќе станат компаниите со остварена вкупна потрошувачка од над 500 мегавати во 2016 година, односно околу 150 потрошувачи со очекувана потрошувачка од 300 гигават-часови годишно. На 1 јули 2018 година квалификувани ќе станат потрошувачите со остварена потрошувачка на електрична енергија од над 100 мегават-часови во 2017 година или 900 потрошувачи со очекувана годишна потрошувачка од 300 гигават-часови. Четвртата фаза ќе почне на 1 јули 2019 година кога квалификувани потрошувачи ќе станат потрошувачите со потрошувачка од над 25 мегават-часови во 2018 година, поточно околу 3.500 потрошувачи со очекувана годишна потрошувачка од 300 гигават-часови и последната петта фаза ќе почне на 1 јули 2020 година и во неа пазарот ќе се либерализира за останатите 65 мали потрошувачи и околу 600.000 домаќинства со вкупна годишна потрошувачка од околу 3.200 гигават-часови“, објасни министерот. Тој истакна дека заклучно со април 2014 година е либерализиран околу 44 отсто од пазарот на електрична енергија во Македонија со што земјава е лидер во регионот. Најблиску до нас е Црна Гора со 24 отсто либерализација на пазарот, а потоа следат Албанија со 13 отсто, Србија и БиХ со по осум отсто, Молдавија со три отсто, а во Украина и Косово воопшто не е либерализиран пазарот. Затоа тој не очекува одлагањето да предизвика забелешки од Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили