19 Март, 2024
0.0263

Огромната доверба во Катица Јанева знак за обесправено општество

Објавено во: Анализа 19 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Огромната доверба која граѓаните ја имаат во Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева воопшто не е за никакво изненадување. Секако, и претходно имаше анкети на кои граѓаните укажуваа голем степен на доверба и одобрување на работата на СЈО, а обвинителите од оваа инстуција ги заземаа првите места во популарност. 

Не треба да биде изненадување што и по толку време на постоење и работење на СЈО довербата во Катица Јанева од 28% според анкетата на ИРИ е убедливо највисока и над било кој друг политичар во Македонија, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев кој е на втората позиција со 23% добро мислење од страна на јавноста.

Високиот рејтинг на Јанева сепак, укажува колку сме обесправено општество и колку многу сакаме да се врати правдата во Македонија, да почуствуваме но, и да видиме вистински примери во правосудството дека пред законите сите се еднакви, дека секој може да одговара за своите постапки и грешки и дека никој нема да добие амнестија поради политичкиот, економскиот или социјалниот статус. 

Во Јанева веруваат и Македонци и Албанци и Бошњаци и сите етнички заедници, во неа веруваа припадници на различни политички партии, во неа веруваат и шивачки и шефови. Токму од работата на Јанева и целото СЈО и нивната умешност да ги докажат покренатите обвиненија на суд ќе значи дека граѓанската битка против неправдата имала смисла и дека има надеж за македонското партизирано општество. 

Затоа нека не ве изненадуваат високите рејтинзи на Јанева или на било кој друг од СЈО, тоа не е знак на политичка популарниот иако сегашната позиција која ја имаат лесно би ја материјализирале политички на некои следни избори доколку имаат такви амбиции, но најпрво треба целосно да ги изведат случаите и да ги довршат сите истраги и предмети во еден нов законски формат за кој допрва ќе се изнаоѓаат политички и правни решенија.

Последиците од „бомбите“, самите сознанија за тоа какви политичари не воделе, чисто нивната самоволност и навидна недопирливост еден ден ќе мора да се решат за сите политички опции во земјава да тргнат напред, чисти во своите редови знаејќи дека некој за криминалот веќе одговарал. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ КУПУВА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ? „Кога ќе ја видам километражата околу 150.000 километри, првото нешто што ми паѓа на памет е дека километражата е вратена“