18 Декември, 2025
0.0408

Окта влегува во бизнисот со струја и гас

Објавено во: Економија 05 Март, 2018 06:40

Добивај вести на Viber

Рафинеријата ОКТА влегува и во бизнисот со струја и гас. Компанијата бара од Регулаторната комисија за енергетика да и издаде лиценца за да стане снабдувач со електрична енергија, но и со гас. 

Во двете одвоени барања кои Регулаторната комиисија веќе ги објави стои дека ОКТА бара да добие лиценца за снабдување со електрична енергија за цела територија на државата и тоа во период од 10 години.

„Енергетската дејност снабдување со електрична енергија, ќе ја вршиме преку склучување на соодветни договори за купување и за продажба на електрична енергија и договори за закупување на преносен и или дистрибутивен капацитет“, стои во барањето од компанијата.

Слично е барањето и за лиценцата за трговија со гас, која се бара исто така за десет години и се однесува на продажба на гас во земјава и во странство.

Нафтената рафинерија е изградена во скопско Миладиновци уште во 1982 година. Од 1993 година нов сопственик на постројките стана Ел. Пет Балканике, член на грчката групација Хеленик петролеум. Во 2013 година, рафинеријата престана да произведува и остана само снабдувач со нафтени деривати во земјава.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии