Опозициската ВМРО ДПМНЕ негира дека ентериерот во Влада е премногу луксузен
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017 15:21
Опозициската партија негира дека се луксузирала.
За ВМРО ДПМНЕ се лажни вестите дека дека ентериерот и реконструкцијата на владата била премногу луксузна.
„Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од 2 години. Во овие 2 години двајцата технички министри и 3-ца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар.
Зградата на владата на Република Македонија е реновирана прв пат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно.
За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата.
Целото реновирање на објектот на владата беше спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда. СДС/Сорос преку фејк њус или лажни вести се обидува да ја излаже јавноста“, се правдаат од партијата на Никола Груевски.
Во однос на оградата која Заев најави дека ќе ја урива од ВМРО ДПМНЕ посочуваат дека е ставена заради безбедносно-терористичка заштита.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




