ОВА Е МОЖНО ВО БУГАРИЈА: Да заработиш 2000 лева додека спиеш
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2017 11:17
Компанија во Бугарија изнајмува човек за позиција „експерт за сон“.
Ваков предлог за работа се појави овие денови во земјата. Бугарска компанија изнајмува човек за една од најпосакуваните професии во целиот свет „експерт за сон". Тој ќе има задача да тестира и оценува различни душеци понудени од фирмата, а платата е 2000 лева. Службеникот ќе оценува душеци преку снимено видео, во кои го опишува секој модел.
Секоја вечер тој ќе спие на различен душек, кој ќе биде доставен во неговиот дом во текот на денот. Неговата задача е да даде сеопфатни информации за карактеристиките на производот и за квалитетот на сонот, што тој го обезбедува. Видеопрезентацијата пак може да биде снимена со обичен смартфон.
Избраниот за позицијата ќе мине еднонеделна обука, за време на која ќе добие детални информации за душеци, за да стане професионален проценител.
Сосема очекувано, интересот за позицијата е висок. Само во првите 24 часа од објавувањето на огласот се јавиле околу 30 кандидати. Единствениот недостаток на предлогот е дека работата не е постојана, туку само за два месеци.Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




