ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОБРА И ЗА СРЕБРОТО: Неговата цена ќе расте
Објавено во: Економија 09 Април, 2024
Се очекува дека оваа година ќе биде добра не само за златото, туку и за среброто. Цените на среброто, како и цените на златото, имаат корелација со каматните стапки. Опкружувањето со повисоки каматни стапки ја зголемува побарувачката за сребро и злато.
„Среброто ќе има одлична година, особено во однос на побарувачката“, изјави Мајкл Ди Риенцо, извршен директор на „Silver Institute“.
Тој очекува цените на среброто да изнесуваат 30 долари за унца, што би било највисоко ниво во последните 10 години, според податоците на „London Stock Exchange Group“ (LSEG). Среброто се тргуваше за 30 долари во 2013-та година.
Златото се тргува за 2.365 долари за унца.
foto freepik.com/natashabreen