06 Мај, 2024
0.0226

ПАРИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ: Еве за што на суд ќе војуваат Џоли и Пит ...

Објавено во: Стил 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли и Бред Пит најверојатно без проблем ќе се договорат околу поделбата на имотот и финансиите после разводот на бракот, но сите шанси се дека ги чека војна на суд околу старателството над децата.

Според пишувањата на американските медиуми, славниот пар кој беше во брак две години, потпишал предбрачен договор кој на едноставен начин ја регулира поделбата на нивното богатство, кое се проценува на 400 милиони долари.

Бред и Анџелина делат 12 недвижнини, од кои седум се на Бред, а на Анџелина две, додека преостанатите три се упени додека биле во врска но не и во брак. Но, на нив парите ниту било каква материјална врска не им е важна.

Старателството над нивните деца ќе биде вистинска војна. Бред планира да се бори за заедничко физичко старателство над нивните шест деца, рекол извор.

Како што претходно е објавено, Анџелина бара заедничко правно старателство, но самостално физичко старателство над нивните синови и ќерки. Правен старател може да донесува одлуки за школување, религиозно воспитување, медицинска нега на децата и слично, што значи дека таа сака да продолжи да донесува такви одлуки заедно со Бред.

Од друга страна, самостојно физичко старателство значи дека Џоли сака нејзините деца да живеат само со неа.

Медиумите денес пренесоа и дека глумицата го блокирала бројот на Бред, и дека не сака да има никаков контакт со нив.