19 Декември, 2025
0.0389

Павле Богоевски: Не власта, туку органите на прогон прислушуваат

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2017 21:18

Добивај вести на Viber

„Прва работа која Никола Груевски ја присвои беше ВМРО-ДПМНЕ. Втора работа која ја украде беше поимот ВМРО и значењето кое тој збор го има за Македонците.

Во своето денешно обраќање на кое (се разбира) доцнеше 40 мин, тој повика на "збивање на редовите" за да се одбрани "светата мисија на ВМРО".

Исто така, државниот удар на 27ми го нарече чин на родољубие, побара партиска поддршка за овие криминалци и обвини дека власта се' уште прислушкува членови на неговото дпмне.

Не власта, туку органите на прогон прислушкуваат. Лица кои се гонат за дела за кои е предвидена казна затвор над 4г, дела против државата, или дела сторени од злосторничко здружение, банда или организирана група.

Не е власта виновна што повеќемината од раководството на дпмне, и тоа како ги исполнуваат овие услови.

Дпмне на Груевски нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, уште помалку со ВМРО. За Груевски , овие букви и оваа држава се само алиби за неговита широка палета кривични дела. Само покритие за активностите на неговото злосторничко здружение.

Инаку, меѓу присутните ги немаше гордана јанкуловска, миле јанакиевски, никола тодоров, сашо мијалков и зоран ставрески.

Дали овие луѓе се намерно тргнати за да не го валкаат неговиот имиџ, дали се на нечиј список сведоци, или станува збор за комбинација од двете - времето ќе покаже.

Наше е само да запомниме и да повториме дека секоја организација со груевски на чело е злосторничка; дека мора да постои одговорност за тоа што е сторено; и дека не смее да се повтори.

Никогаш. Повторно. Груевски.“

Фејсбук статус на пратеникот Павле Богоевски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот