Пијалок кој ги пржи колограмите и дава свежина во жештините
Објавено во: Стил 29 Јуни, 2015
Овој пријатен и здрав коктел го регулира нивото на мастите, ги штити артериите од стеснување и ги отпушува.
Редовната употреба ќе го чува црниот дроб, ќе ја прочисти жолчката и ќе ги држи настинките далеку од вас. Благодарение на редовна употреба на овој уникатен еликсир ќе го зајакнете имунолошкиот систем и ќе станете по паметни.
Што ви е потребно?
• 4 големи глави лук • 4 големи лимони
• 1 корен ѓумбир 3-4 см
• 1 литар вода • 1 литар претходно сварен чај од нане • неколку парченца свеж рузмарин, сецкан • мед - по желба
Подготовка
Лимоните се мијат и се сечат на парчиња заедно со кората. Лукот се лупи и заедно со лимоните и ѓумбир се става во блендер.
Се додава рузмарин. Добиената во блендер мешавина се става во метален сад.
Дополнете со водата и ставете да се вари на шпоретот, и мешајте. Штом ќе зоврие, веднаш се трга од оган .
Дозволете да се излади, прецедете со средна цедилка, додајте го готовиот чај од нане и прелијте во стаклени шишиња. Може да се заслади со мед.
Пијалокот се пие секој ден барем 2 часа пред јадење. Лимонот и водата ќе го отстранат мирисот на лукот. Пред употреба шишето се претресува. Улогата на лукот е да се зајакне имунолошкиот систем и преку антибактериските својства да штити од инфекции. Лимонот се грижи за намалување на артериските плаки, а ѓумбирот ги транспортира надвор од телото наталожените маснотии.