По барање на СЈО Љупчо Палевски во „апс“
Објавено во: Македонија 16 Август, 2017
Поранешниот политички активист на СДСМ Љупчо Палевски вчера по барање на СЈО заврши во полицска станица, но не се открива точно за кој предмет и за каков вид на дело се товари бидејќи се води предистражна постапка, па ни од МВР засега не откриваат повеќе детали.
Палевски во претходната постава на СДСМ беше еден од најактивните во градската организација во Скопје и важеше за близок кадар на Бранко Црвенковси. Тој беше отворено против чекорите кои ги презема новиот лидер на СДСМ Зоран Заев и често се појавуваше во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ каде изнесуваше серија на критики.
Палевски се поврзуваше со објавувањето на приватни телефонски разговори на јутјуб каналот како „Тесла“. Повеќето од објавените функционери меѓу кои и новинари поднесоа пријави во СЈО против ваквите злоупотреби.
Приватни телефонски разгоори осамнаа од еск пратеничката Ермира Мехмети, лидерот на ДУИ Али Ахемти, поранешниот премиер Хари Костов, бизнисменот Јордан Камчев, уредниците на Сител,Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, новинарката Оливера Трајковска и други.