Почина Хју Хефнер, могулот кој ги смени магазините
Објавено во: Свет 28 Септември, 2017
На 91 годишна возраст, мирно во својот дом почина Хју Хефнер, основачот на еротскиот магазин Плејбој. Медиумскиот могул зад себе ја остави сопругата Кристал како и четирите деца. Хефнер во 1953 година го основаше магазинот Плејбој кој уште во првото издание на насловната страна ја имаше легендарната актерка Мерлин Монро.
Плејбој го водеше на границата на еротиката со провокативни насловни страни, како и фотосесии со разголени модели, но со многу квалитетни новинарски содржини, интервјуа, анализи и колумни. Во 60-тите години беше поведена судска постапка против Плејбој, но Хју Хефнер успешно ја доби одбранувајќи ја слободата на говор и изразување, а и се спротистави и на цензурата.
Хефнер важеше за холивудска легенда која постојано сака да биде опкружена со прекрасни девојки и покрај тоа што има неколку бракови зад себе никогаш не се откажа од шармерството.