ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ОД ЖИВОТОТ НА МЕРКЕЛ: Од келнерка до најмоќна жена во Европа
Објавено во: Свет 25 Септември, 2017
Ја нарекуваа железна дама, а Германците ја викаат „Мути“ што значи мама.
Ангела Доротеа Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург. Таа им три години помлад брат од неа, Маркус и десет години помлада сестра Ирена.
Таткото на Меркел, Хорст бил свештеник, а мајката на канцеларката Херлинд била наставничка по англиски, италијански и латински јазик.
Меркел како мала сакала да биде професорка по руски јазик, а одлично се снаоѓала со природните науки на училиште.
Во текот на студирањето во Лајпциг од 1973 до 1978 година заработувала џепарлак така што работела како келнерка во дискотека.
Зад себе има два брака. Првиот го склучила во 1977 година, а се развела во 1982 година, но презимето од сопругот го задржала.
Во 1998 година склучува брак со Јаоким Зауер кој е нејзин бивш професор. Во јавноста ретко се заедно, а на одмор одат во Шпанија или Италија.
Меркел сака пиво, сака да готви и да планинари. Канцеларката готви за синовите и внуците на својот сопруг.
Спие по пет часа дневно, а омилен филм на Меркел е „Моја Африка“ со Роберт Ретфорд.