Алмакос: Понудата на Заев за албанскиот јазик била полоша од таа на Груевски!?
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2017 10:06
Различни реакции по вчерашната средба меѓу ДУИ и Алијансата на Албанците која не помина без искри и поделени мислења. Сега на ред беа реакциите од различни членови на Алијансата кои не го прифаќаат Ахмети како лидер на Албаците, па затоа дејствуваа и против директна средба со Зијадин Села што резултираше со состанок меѓу потпретседатели.

Од самиот состанок речиси и да нема официјални информации за кои сакаат да останат анонимни оценките за предлогот на СДСМ, но албанскиот портал Алмакос од свои анонимни извори пренесува дека наводно кај ДПА-ДР како еден од субјектите во Алијансата постои незадоволство од предлог законот за албанскиот јазик на Заев кој бил полош и од тој на Груевски бидејќи со него ништо суштинско не се менувало со сегашниот закон за јазиците.
Инаку членови од ДУИ кои се за коалиција со СДСМ сметаат дека предлог законот бил во рамките на Уставот и како таков новата влада ќе може лесно да го усвои, а Собранието да го изгласа.
Претставниците на ДУИ и Алијансата вчера посочија дека средбите биле конструктивни.
Извор: almakos.com
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




