03 Јануари, 2025
0.0780

ПОСЛЕДНАТА ПАРТИЈА ШАХ ВО ВМРО ДПМНЕ: Кралот падна, да живее кралот?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Што се случува во ВМРО ДПМНЕ? По тешкиот изборен пораз партијата се соочува со тешки мигови. Се погласни се шпекулациите дека внатре во Извршниот одбор владее разногласие и поделба на неколку клана, едните обединети околу лидерот Груевски, други околу постарото јадро на партијата. 

Сепак засега само реформаторите јавно се декларираа како крило кое бара оставка од целокупното раководство. Останатиот дел од ИО и понатаму е на ставот дека главен виновник за изборниот пораз се „украдените избори“, а не слабостите  во раководството и стратегијата на партијата. Така размислуваше Влатко Ѓорчев во синоќешното интервју.

– Имаме ситуација внатре во Македонија, каде што изборите не ги признава ВМРО-ДПМНЕ, изборите не ги признава БЕСА, изборите не ги признава владина учесник Алијанса на Албанците. Луѓе партиципиенти во владата на Зоран Заев не ги признаваат резултатите. И не само што не ги признаваат резултатите, туку објаснуваат за бројни злоупотреби. Значи освен СДСМ и ДУИ никој не ги признава резултатите,рече Ѓорчев во вчерашното гостување на скопската телевизија Телма.

Ѓорчев исто така обвини дека изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ била украдена, во речиси сите градови. Тој не прифати дека вината за поразот треба да се бара и внатре во партиските редови, особено откако стана јасно дека партискиот врв е целосно компромитиран со акциите на СЈО.

Иднината на партиската номенклатура во врвот засега е нејасна. Груевски најави дека ќе понесе одговорност но веројатно калкулира со можниот наследник по мерка. Политичките аналитичари пак сметаат дека тоа е уште една невозможна мисија по низата порази што ги доживеа на речиси сите полиња. Токму затоа наредните недели се клучни на шаховската табла во партијата. 

Како ќе ги влече потезите грогираниот Извршен Одбор во многу нешта ќе зависи и од „пешадијата“ но и од клучните фигури во партијата кои се уште се позиционирани како „ловци“ „коњи“ и „топови“ - Мицковски, Ѓорчев, Милошоски. Тие засега се навидум лојални до шефот. Реформаторите се активни но нивната ролја се уште нема институционален карактер внатре во партијата, па засега е нејасно како низ статутот на партијата тие би можеле да го симнат „кралот“, сметаат аналитичарите. Како и да е партијата шах продолжува...

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот