13 Мај, 2024
0.0258

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Центарот за стручно образование и обука и Програмата за зголемување на пазарната работливост

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Директорката на центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), г-ѓа Ајше Селмани, и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), г-ѓа Розанди Лоу потпишаа меморандум за разбирање за партнерството помеѓу Програмата и Центарот во наредните четири години. Меморандумот се однесува на соработката при воведувањето на нови наставни програми согласно потребите на пазарот на труд и потребата за зајакнување на врските помеѓу приватниот сектор и стручното образование во трите области во кои работи програмата: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии.

Партнерството помеѓу ИМЕ програмата и ЦСОО е насочено кон поддршка на системот за стручно образование за зајакнување на вештините и квалификациите на учениците, согласно потребите на пазарот на труд, подобрување на нивните можности за вработување и зголемување на нивните претприемачки вештини. Исто така, заедничката соработка ќе се однесува на развивање на капацитетите на наставниците и стручните соработници за остварување на ефективна соработка со приватниот сектор, подобрување на координацијата меѓу сите чинители и создавање на култура на родова еднаквост како важни аспекти интегрирани во активностите на ИМЕ програма.

потпис 1

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability - IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира од 2015 до 2019 и е со буџет од 6.25 милиони швајцарски франци.

Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2,000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1,000 мали и средни претпријатија за 1.5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН