Пратениците сложни браќа за високи патни трошоци
Објавено во: Економија 27 Декември, 2016 20:00
Пратениците и покрај
предупредувањето од Државниот завод за ревизија дека добиваат огромни суми за
превоз, си продолжуваат по старо и земаат илјадници евра на име патни трошоци.
Во извештаите за 2008 и 2010 година ревизорите препорачале да се преиспита висината на патните трошоци за пратениците при користење на нивните приватни автомобили за службени цели.
Според Законот за пратеници, пратениците имаат право на надоместок за секој изминат километар, 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво. Односно, ако сега цената на горивата е 62 денари, тоа значи дека за еден километар на пратеник му следува 31 денар. Ако пратеникот живее во место оддалечено од Скопје 100 километри или во двата правци 200 километри, тоа значи дека само за една седница во Собранието тој за патни трошоци ќе земе 6200 денари.
Но, сепак со години не се менува начинот на пресметка. Па така, во ревизорскиот извештај за работата на Собранието минатата година, пишува дека од октомври 2014 до крајот на 2015 година на име патни трошоци биле исплатени 1.560.000 евра.
Медиумите многу пати објавувале прилози за енормните суми што ги земаат пратениците за овие трошоци. Имало случаи кога еден на пратеник годишно од буџетот на Собранието му биле искеширани и по 15.000 евра.
„Ревизијата смета дека е потребно да се направи анализа на ваквиот начин на надоместување на трошоците на пратениците з акористење на авомобили во лична сопственост за службени цели во однос на реалниот трошок и тоа за амортуизација на в озилото, патарина и други патни трошоци и доколку се констатираат значајни итстапувања, да се преиспита вака уреденото законско ршение за покривање на патните трошоцои да се дадат насоки за натамошно постапување.
Преплатена барокната зграда на Парламентот
Во ревизорскиот извештај се споменува и огромната сума платена за обнова на барокниот објект на Собранието. Имено, во 2010 година предвидено е изведување на градежни работи за доградба, надградба и адаптација на објектот на Собранието. Вредноста на работите изнесува 12.700.000 евра. Кон основниот договор се склучени 6 анекси со кои вредноста на работите се зголемени по обем, вид, количина и вредност и плус направени се три анекси за продолжување на времето на реализација, која беше до март 2015 година. Анексите се склучени без објава на оглас, а вредноста на градежниот зафат се зголемила на 15.780.000 евра.
Канцеларии за контакт со граѓаните не се потребни
Ревизорскиот извештај открива дека Собранието има за цел да го зголеми бројот на Канцеларии за контакт со граѓаните од 51 колку што беа во 2014 година, на 100 канцеларии на територијата на целата држава и преку својот буџет да обезбеди надоместок за ангажираните лица, како и за трошоци за нивното работење.
Во 2014 година за 50 канцеларии потрошени се 151.000 евра, а во 2015 за 59 исплатени се од буџетот на Парламентот 157.000 евра. Нивниот број и натаму расте, па до средината на 2016 година веќе се 61 канцеларија.
Ревизорите укажуваат дека пратениците треба да направа детална анализа дали воопшто се потребни вакви канцеларии, со оглед на тоа што општините се должни да им обезбедат еднаква помош во извршувањето на нивната функција преку обезбедување работна просторија и услови за контакт со граѓаните од неговата изборна единица. Во сите општини овие канцеларии постојат и функционираат, пишува ревизорот.
Доживотен Секретар на Собранието
Парламентот има генерален секретар и три заменици, кои на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги именува Собранието. Во 2015 година функциите генерален секретар и негови заменици ги извршуваат лица избрани со одлуки од 2007 и 2012 година, односно во континуитет од осум години, иако од 2008 до 2015 година составот на Парламентот е изменет три пати, констатираат ревизорите.
Ревизијата укажува дека непостоењето на законски основ за утврдување на должината на мандатот создава можност за неограничено вршење на функцијата генерален секретар и неговите заменици како избрани и именувани лица.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна
Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра
Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува





