26 Април, 2024
0.0368

Прчевски, Шврговски, Зврлевски...Кој е следниот?

Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Јас сум веројатно последната будала што прифатила да биде државен јавен обвинител, изјави во 2006 година тогашниот Јавен обвинител на Македонија, Александар Прчевски. 

Но, оттогаш уште двајца обвинители седнаа во неговата фотелја. Негов наследник беше Љупчо Шврговски, а по него и се уште актуелниот Марко Зврлевски. 

Како се избираа Јавните обвинители на РМ

Александар Прчевски во 2003 година беше именуван за државен јавен обвинител на седница на Собранието со 58 гласа „ЗА“. 

Прчевски на функцијата дојде од местото судија на Основниот суд во Битола, каде што претходно ја вршел и должноста претседател. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои во тоа време беа опозиција, се изјаснија против предлогот од Владата, а нивните аргументи беа дека Прчевски бил некомпетентна личност, ја злоупотребил судската функција во аферата ТАТ, и бараа и повлекување на предлогот. 

Пратениците од СДСМ и ЛДП сметаа дека ваквите сомневања за кандидатот, искажани пред тој да почне да ја врши функцијата, се непотребни, бидејќи времето ќе покаже дали е добар избор. 

Така и беше. Прчевски ја задржа функцијата само три години, иако мандатот му беше шест. Тој остана запаметен по неговата историска изјава, за начинот на избор на Јавниот обвинител на РМ. 

„Со предлогот врховниот државен обвинител да го избира Собранието по предлог на Владата, ќе продолжи досегашната практика по смената на власта незаконски да се менуваат и обвинителите затоа што се или не се припадници на одредена партија. Државниот обвинител повторно ќе биде на ветрометина и со смената на власта ќе остане на улица. Ако се усвои ова решение веројатно веќе никој нема да сака да ја прифати оваа функција, а јас веројатно сум последната будала што ја прифатила“, рече Прчевски. 

Така и беше. Прчевски беше разрешен на собраниска седница во 2006 година, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. За разрешувањето на Прчевски гласаа 60 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, НСДП, ЛП и ДПА. Аргументите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш беа дека смената на Прчевски е почеток на менувањето на работите во позитивна насока.

Шврговски – пријател на власта

Љупчо Шврговски беше владини предлог за нов Јавен обвинител, поддржан од сите коалициски партенри на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапи по разрешувањето на Прчевски.

Пратениците од СДСМ беа против изборот на Шврговски поради како што велеа неговото пријателство со браќата Мијалкови, и пресудата за случајот Национална платежна картичка. Уште веднаш изразија сомнеж дека тој ќе си ја врши работата независно од влијанието на ВМРО-ДПМНЕ. 

Шврговски истера цел мандат од шест години, но реши да не се кандидира за втор мандат и се повлече во адвокати. На негово место дојде Марко Зврлевски.

Марко Зврлевски – „бомбашот“

Со 58 гласа за и ниту еден против или воздржан, Собранието го избра Зврлевски да биде на чело на Државното јавно обвинителство. Зврлевски бил единствениот кандидат што се пријавил на огласот на Владата, која за него добила позитивното мислење од Советот на јавни обвинители.

На оваа позиција дојде од одделението за организиран криминал и корупција.  За четири години Зврлевски одржа само една прес конференција кога ја промовираше службата за односи со јавноста. 

Тој не отвори истрага за ниту еден случај кои ги обелодени опозицијата, за сомневања за вмешаност во криминал на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Но, затоа отвори истрага и покрена случај против Заев познат како „Пуч“. Неговото име се споменуваше и во еден од разговорите од „бомбите“ на опозицијата, како човек кој ќе заврши одредена работа во судот.

Зврлевски за време на неговата функција доби пандан во ликот на Катица Јанева која го предводи Специјалното јавно обвинителство. Неговиот мандат трае до 2019 година, но новата влада на премиерот Зоран Заев ќе почне постапка за негово разрешување. Заев веднаш по неговиот избор во Собрание, прво што побара беше оставка од Зврлевски. Но, тој засега не отстапува. Ќе биде ли „соборен“ или самиот ќе си оди, не е најважно прашање. Она што е најважно е кој ќе биде неговиот наследник.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“