Природни лекови против чешање од каснувањата на досадните комарци
Објавено во: Стил 27 Јули, 2015
Летото има и недостатоци, еден од нив се досадните комарци.
Некои луѓе ретко стануваат нивни жртви, додека други не можат да се ослободат од инсектите.
Како да го отстраниме чешањето, кое е предизвикано од каснувањето од комарец?
Мразот од сок од замрзнат зеленчук е одличен лек при каснување од комарци. Мразот ќе го замрзне каснатото место за одредено време и го намалува чешањето.
Црн чај (Masala Chai) содржи соединенија кои ќе ги избришат токсините од кожата и помагаат за олеснување на непријатност. Земете филтер од чајот кој останал по испиениот на чајот и ставете ги на местата кои ве чешаат. Држете додека престане чешањето. Мешавина на црн чај, зачини и мирис на цимет - ѓумбир.
„Masala chai“ - Масала чај е индиски чај со зачини, наречен уште „Хималајски чај“. Во цела јужна Азија со називот „Масала чај“ се означува пијалокот, приготвен од црн чај, млеко, шеќер и зачини (цимет, ѓумбир, кардамон, ванила).
Маслото од чајно дрво помага и ако имате кожни болести.
Маслото од чајно дрво, делува антисептично и помага при лекувањето на многу кожни проблеми, вклучувајќи ги и каснувањата од комарци. Ставете мала количина на местото. Наместо масло од чајно дрво, можете да користите масло од лаванда и нане.
Мешавина од сода бикарбона против каснувања од комарци.
Измешајте сода бикарбона со малку вода и направете смеса која ќе ја нанесете врз кожата. Смесата ќе се намали болката и ќе престане да чеша. Откако ќе го нанесете, оставете да се исуши и потоа отстранете ја сода бикарбоната со малку вода.
Јаболков оцет помага за балансот на нивото на pH на кожата. Ова е причината зашто оцетот го намалува чешањето.