Процес на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2018 13:58
Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС ја известува пошироката јавност дека врз основа на доставено Барање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22.02.2018 година даде согласност за пренос на 100% од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на Позаваровалница Сава д.д.
Исто така, оттаму известуваат дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат согласно македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




