28 Мај, 2024
0.0477

Пролетните температури ќе траат кратко - какво време се очекува за Велигден?

Објавено во: Македонија 09 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски вели дека до крајот на денешниот ден во поголемиот дел од Македонија ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1000 м.н.в ќе има врнежи од снег. 

Локално врнежите ќе бидат поинтензивни (над 20 л/м2 воден талог). На планините ќе се формира нова снежна покривка.

„Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Во следниот период ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Повремен локален дожд и снег на планините ќе има и утре, додека од вторник следува краткотрајна стабилизација на времето и вистинска пролет со голем пораст на температурите и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во централнит и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и над 20 степени“, вели Попоски. 

Барем одсега гледано, за најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, повторно се очекува врнежливо време и со пониски температури на воздухот. Сепак промени во нумеричките модели се уште можни. Детална и официјална анализа за тоа какво време ќе имаме за Велигден следува во текот на новата седмица која е пред нас.

Можеби ќе ве интересира

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието

КРМОВ ДО ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни за да ја земете најважната позиција во државата?

КРМОВ ДО ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни за да ја земете најважната позиција во државата?

АХВ ТВРДИ ДЕКА НЕМАМЕ КОНТАМИНИРАНИ СЕНДВИЧИ: соседите алармираат за заразена шунка со листерија

АХВ ТВРДИ ДЕКА НЕМАМЕ КОНТАМИНИРАНИ СЕНДВИЧИ: соседите алармираат за заразена шунка со листерија

„ПРАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ, РЕАГИРАЈТЕ, НЕ МОЖЕ ЏАФЕРИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР АКО МУ Е ВЕРИФИКУВАН МАНДАТОТ ЗА ПРАТЕНИК“ - критика од Најчевска

„ПРАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ, РЕАГИРАЈТЕ, НЕ МОЖЕ ЏАФЕРИ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР АКО МУ Е ВЕРИФИКУВАН МАНДАТОТ ЗА ПРАТЕНИК“ - критика од Најчевска