ПРОТЕСТ ПРЕД МНР: Што му порачаа на Коѕиас?
Објавено во: Македонија 31 Август, 2017 10:53
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас пристигна во Министерството за надворешни работи, каде ќе се сретне со македонскиот колега Никола Димитров.
Коѕиас беше пречекан со протест организиран од „Македонски манифест“ и „Светскиот македонски конгрес“ кои бараат безусловен крај на разговорите за државното име, продолжување на членството во ОН под државното име Македонија. „Не ме викајте ФИРОМ, сме биле и ќе бидеме Македонци и Македонија“- е мотото на протестот.
„Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци. Името на државата е идентитетот на нацијата. Промената на името на државата значи трајна промена на името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик“- вели Тодор Петров, претседател на „Светскиот македонски конгрес“.
Се залагаат за македонско-грчко помирување, договор за траен мир и добрососедство. Бараат извинување и репарации, враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Грчкиот министер денеска е на средба со македонскиот државен врв со цел градење на доверба меѓу двете земји.
За спорот за името овој пат нема да се разговара.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




