Пукање во Аеродром-застрелан фудбалер во пределот на главата
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2017 18:24
Оружен инцидент вечерва околу 18 часот ја потресе скопската општина Аеродром.
Со четири до пет куршуми е застрелано едно лице во пределот на главата и вратот, тврдат очевидци, а медиумите пишуваат дека се работи за активен фудбалер со иницијали М.Ј.
Лицето е тешко повредено и во моментов според полициски извори е на операција во болница.
Драмата се одвивала во угостителски објект, поточно во кафулето Ред кафе каде напаѓачот влегол и започнал со пукање.
Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




