18 Декември, 2025
0.0895

Поради предностите што ги нуди централниот систем за греење

Расте бројот на нови потрошувачи кои се приклучуваат на парно во Скопје

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2017 12:24

Добивај вести на Viber

Бројот на нови потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, односно парно греење во Скопје е во пораст. Од почетокот на 2016 година до сега, компанијата „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ склучила нови 2252 договори, од кои скоро половината се со потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот.

За зголемениот интерес на потрошувачите за приклучување кон централниот систем за греење во Скопје постојат повеќе причини, но една од главните е цената на услугата, која во изминатитенеколку години постојано се намалува, наспроти цените на останатите енергенси кои се користат за греење, а кои одат во нагорна линија. Имено, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, актуелната цена на парното греење за домаќинствата е намалена за речиси 11% во однос на цената во претходната грејна сезона, а намалување на цената имаше и за останатите категории потрошувачи.

„Трендот на пораст на бројот на склучени договори за користење на нашите услуги покажува дека кај жителите на Скопје расте свесноста за бројните предности и комфорот што го нуди централниот системот за парно греење. Освен поголемиот комфор, голема предност на централниот систем за парно греење е неговата економичност, како и фактот дека тој значително придонесува за намалување на аерозагадувањето во главниот град, што е на линија на растечката еколошка свесност на жителите на Скопје. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и можноста за бесплатно вклучување во системот на парно греење за сите потрошувачи кај кои постојат технички услови за тоа. Акцијата за бесплатно вклучување на БЕГ - Снабдување започна пред почетокот на тековната грејна сезона, а за да излезе во пресрет на што повеќе потрошувачи компанијата донесе одлука да ја продолжи нејзината важност на непоределено време“, информираат од БЕГ-Снабдување.

Според најновата студија на Машинскиот факултет и МАЦЕФ централниот систем за парно греење е најоптимален тип на греење, особено за урбаниот, односно најгусто населениот дел од градот. Резултатите од оваа студија потврдуваат дека со натамошно зголемување на бројот на потрошувачи ќе се обезбеди негова поголема искористеност што ќе овозможи дополнително намалување на цената на услугата за сите корисниции до 25%, а истовремено ќе значи и намалување на проблемот со загадувањето во Скопје, поради фактот што топланите работат на гас како најеколошко гориво. 

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?