26 Декември, 2024
0.0289

РАЗГОРУВАЊЕ НА МЕЃУСОСЕДСКИ ТЕНЗИИ: Кој е бугарот што ќе го „лови“ Миленко?

Објавено во: Македонија, Балкан 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Некој го пофали, за друг е гнасна провокација, трети го колнеа а четврт „му се пушта“ во лов.

Чинот на новинарот Миленко Неделковски на Денот на независноста на соседна Бугарија 22 септември дефинитивно ги разгоре меѓусоседските односи.

Чкорчето кое Миленко го фрли на огнот врз лутиот сосед на кој малку му требаше да пламне се разгорува и шири како вистински пожар на социјалните мрежи и медиумите.

Лоши коментари од бугарските соседи осамнуваат секоја минута на профилот на новинарот a македонски поддржувачи со пофалби го оправдуваат чинот кој е на пат да донесе нагативни последици за Македонија во поглед на преговорите за членство во Европската Унија.

Закани стигнаа и од највисоките бугарски претставници дека соседот може да не блокира и да каже стоп на преговорите на Македонија.

„Бугарски ловец на мигранти“ најави лов по Миленко

„Динко Велев, најпознатиот ловец на мигранти, тргнува во лов на македонскиот новинар Миленко Неделковски кој со чекан неодамна го искрши споменикот на Кајмакчалан“, јавија денеска бугарските медиуми.

„Ќе му ја скршам колата со чекан како што тој скрши плочата. Тргнувам во лов на Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му ја скршам колата со чекан. Ќе снимам цело видео со телефон и ќе го добие тоа на интернет. И тогаш ќе го прашам – пријатно ли му е на него!” - рекол Динко Велев .


Но, кој е всушност Динко, што прави тој во животот и со што се занимава?

За бугарските медиуми тој е „херој“ на нивното време. 29-годишниот Динко е од Јамбол и на границата со Турција тој со сопствени раце улови бегалци.

Тој е сопственик на плац со автомобили . Тој вели дека тоа е неговиот живот и со тоа се занимава.

Раскажувајќи за сопствениот живот Динко вели дека случката со мигрантите му донела популарност.


Во видеото погоре тој раскажува како ги фатил мигрантите и како се пресметал со нив. Вели дека никој не претепал и не му било жал. Вели дека се бореле краток период и набрзо се спогодиле при што им рекол да легнат на земја а тој повикал полиција која ги собрала.

Динко исто така е спортист и возач на АТВ-мотори (тренски возила со погон на сите тркала).

Според дописничката на Мета од Софија, Динко пак силно се залага против организации со надворешно финансирање, како бугарскиот Хелсиншки комитет. Поради тоа, тој има многу поддржувачи.

„Ловецот“ е, всушност, сопственик на неколку компании, а во минатото бил поврзуван со луѓе од криминалните кругови.

На профилот на социјалната мрежа Фејсбук Динко Валев добива константна поддршка од поддржувачите.

„Пази се и успех“... „Биди мудар и итар“ ... „Динко остави го, пази ја границата, таа е поважна, тој глупак има кој да го среди“, се дел од коментарите кои ги пишуваат бугарите под објавата која тој самиот ја споделил за ловот на Миленко.

Сепак, Динко вели дека вели дека ќе нема судир со Неделковски затоа што тој за него бил физички слаб.

„Ако го фатам, со бокс ќе го фрлам во воздух и нема да му дадам да застане. Но, за тепачка не зборуваме затоа што јас се тепам само со луѓе достојни на мене, а овој за мене е глушец“, дециден е тој.

Да потсетиме ...


Македонскиот новинар Миленко Неделковски вчера на својот Фејсбу профил преку низа фотографии ги разгоре тензиите меѓу Македонија и Бугарија.

Тој на Кајмакчалан со чекан ја скршил плочата поставена од бугарите на . 

Фотографиите кои тој ги објави на „Фејсбук“, предизвикаа брза реакција - и во социјалната мрежа и меѓу бугарските политичари.

Во целиот профил Неделковски држи груб јазик кон Бугарите кои ги нарекува „татари„и „лузери“.

МНР тврди : Плочата е поставена незаконски

Од Министерството за надворешни работи се огласија веднаш по прозивките на бугарските претставници кои реагираа и со тврдење дека плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена.

МНР меѓудругото побара нашите соседи да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја, а како што стои во соопштението на министерот Никола Попоски МНР очекува институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните.

Што вели пак бугарскиот премиер Борисов?

Бојко Борисов предупредил „штом тие ги скршат бугарските споменици со чекани ќе имаат несакани последици“.

„Не сакам да коментирам“ – изјавил Борисов за новинарите по самитот во Виена.

„Кога ќе им треба помош, нема да ја добијат. Не чекавме некој да не замоли, туку веднаш испративме храна вода (како одговор на августовските поплави во Скопје и Тетово) и сите граѓани беа задоволни. Во средата владата одобри 300.000 лева (150.000 евра) финансиска помош за нив. Дали ова е тоа што го заслужуваме за нашиот братски однос? Дали тоа придонесува за нашето пријателство? Дали тоа помага во македонските интеграции во ЕУ. Утре ние ќе бидеме тие кои ќе треба да гласаат за нивниот влез во ЕУ“ – изјавил Борисов.

Што пишуваа бугарските медиуми за чинот на Неделковски?

„Ова е уште еден чин на вандализам. Вие го нарекувате новинар“ - изјави директорот на Националниот историски музеј проф. Божидар Димитров, кој најави тужба за Неделковски. 

„Македонија да се дистанцира од вандалскиот чин“ - пишува бугарски Днес кој пренесува став на бугарското МНР.  Бараат да не се дозволат слични експлицитни акти како овој на Кајмакчалан. За жал, ова не се изолирани случаи, особено загрижувачки во момент кога двете страни преговараат за потпишување на Договор за добрососедство, наведува понатаму истиот медиум. 

Македонец уништи бугарски споменик на Кајмакчалан. Недостоен вандализам се случи на  празничниот 22 септември, пишува бугарски Стандардњус. 

Веќе има најави дека ако Македонија не преземе мерки, нема да добие поддршка членството на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Историја ...

Битката за врвот Кајмакчалан е една од најкрвавите и долгите борби на Солунскиот фронт во Првата светска војна. Борбите траат цели 18 дена - меѓу 12 и 30 септември 1916 година Тогаш српската армија, по тешки загуби, успева да го заземе врвот „Пророк Илија" висок 2524 метри, и ја поттиснува бугарската армија кон Мариово, каде подоцна се формира нова заштитна линија . Тој е преземен од Србите на 30 септември.  Српската страна тогаш имала околу 4600 жртви, а Бугарија загубила околу 2.000 војници, додека повредени беа речиси 6.000.

Зошто на денот на Независноста на Бугарија Миленко ја искрши плочата?

Крајот го краси делото.. Затоа ние оставаме крајот да го завршите вие со ваш заклучок...

И требаат ли на Македонија соседи? Треба ли да се негуваат добрососедски политики или треба да се војува со сите ближни земји?

Дали ваквиот инцидент е потребен во време кога Македонија се соочува со внатрешни проблеми и кога политичката криза може во секој момент да се разгневи?

Ваше е да одлучите како ќе го протолкувате сето погоре напишано и наброено ...

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија