29 Март, 2024
0.3026

РАЗУМЕН КОМПРОМИС: Или како професорот Иванов го победи претседателот Иванов?

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Оваа вест со неверување беше дочекана од многумина граѓани. Додека не видоа со свои очи дека тој обичен, но вреден лист хартија се најде во рацете на мандатарот за состав на новата влада, веста личеше на „фејк њус“.

„Пречките за доверување на мандат за состав на Влада на Република Македонија се отстранети.  Коалицијата предводена од СДСМ, која има мнозинство во Собранието, го предложи господинот Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандат за состав на Влада на Република Македонија“, изјави свечено Иванов.

Не покажа емоции, насмевка или пак срдечност при врачувањето на мандатот. Напротив се чувствуваше нетрпеливост и тензија меѓу двајцата политичари. Зоран Заев по изјавата на Иванов, даде изјава и пред целата јавност се заколна дека ниту на момент нема да ја загрози унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на државата. 

„Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на РМ. Гарантираме заштита на државните интереси  и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на РМ ќе биде во согласност со основните дмеократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја РМ во положба потчинетост, зависност спрема друга држава“, рече Заев.

Мандатот на Заев претседателот Иванов му го додели пред истекот на рокот на 19. мај. Бараше усогласувањето на гаранциите за зачување на унитарноста на државата, како услов за да го даде мандатот за состав на влада на новото парламентарно мнозинство. Но, гаранции од Заев имаше уште првиот пат кога тој го побара мандатот, а сепак Иванов одби да го додели, повикувајќи се на т.н. Платформа од Тирана.

Претплатникот не е достапен

Оваа одлука на Иванов практично беше изнудена, откако на негова адреса пристигнаа бројки повици: „Иванов да го даде мандатот на лидерот на СДСМ“. Од негови колеги професори, преку политичките партии во земјава, до амбасадори, лидерите во ЕУ и високите дипломати на САД. Сите тие, во последните изјави без дипломатски речник, отворено му кажуваа на Иванов дека нема повеќе никакви пречки за да го одлага доделувањето на мандатот.

„Давањето на мандатот за состав на влада е техничко прашање и претседателот на државата е должен да го даде на партија или партии што имаат обезбедено парламентарно мнозинство од 61 пратенички мандат“, му порача професорот по уставно право, Светомир Шкариќ.

Но, во ставовите на Иванов секогаш беше пресудна улогата на претседателот, наместо на професорот. Иако тој постојано тврдеше дека не го прекршува Уставот, сепак неговите одлуки не кореспондираа со науката, туку беа на иста линија со политиката.

„Слушам како ме обвинуваат дека со моите досегашни постапки сум ја злоупотребувал службената должност и дека сум можел да добијам кривична пријава. Ги охрабрувам иницијаторите тоа и да го направат. Оние кои деновиве ми се закануваат ги повикувам да покренат и прашање за моја одговорност во согласност со Уставот. И во оваа прилика јасно им кажувам – не постојат закани и уцени што ќе ме натераат да го прекршам Уставот“, изјави Иванов на 1. март, кога ја донесе првата одлука дека го одбива барањето на Заев за доделување на мандатот. 

Претседателот повторно професор

Претседателот Иванов по доделувањето на мандатот како никогаш дотогаш се охрабри и во рок од неколку часа даде две телевизиски интервјуа. Во првото повторно како политичар, а во второто како професор во обид. 

Првин предложи амнестија за насилниците кои се осомничени за насилства во Собранието на 27. април, а во вториот настап рече дека по завршување на вториот мандат тој ќе се врати во јатото каде што природно припаѓал – во универзитетската фела, бидејќи никогаш не бил политичар.

Такви се неговите планови. Засега е само претседател, но според многумина не и државник. А, по доделувањето на мандатот си отвори уште еден фронт – со поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, кои не кријат дека се разочарани од неговиот потег. 

Иванов има уште две години до крајот на мандатот. Од многуте одлуки кои ги има донесено, најголеми реакции предизвика амнестијата на осомничените од Специјалното јавно обвинителство и речиси шестмесечната блокада на целиот државен систем со недоделувањето на мандатот. 

Иванов еден ден мора да одговори дали меѓу професорот и претседателот има разумен компромис, или при носењето на одлуките постои кавга меѓу Иванов од Водно и Иванов од Правниот факултет. 

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење