30 Април, 2024
0.0610

Реџеп Таип Ердоган: Турција целосно ќе го отплати долгот кон ММФ

Објавено во: 30 Септември, 2012

Добивај вести на Viber

Турција ќе ги врати преостанатите 1,3  милијарди долари долг на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до април следната година, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Иако во минатото, турската влада се потпираше на кредити од ММФ, со цел да го компензира недостатокот од финансии, од 2008 година успева тоа да го стори без помош од ММФ. „Презедовме повеќе од 23,5 милијарди долг. Сега имаме 1,3 милијарди од долгот и тоа ќе го сведеме на нула во април“ истакна турскиот премиер на Конгресот на својата „Партија на правда и развој”. Ердоган е премиер на Турција од 2003 година. Турција последниот стенд-бај аранжман со ММФ го склучи 2005, а тој истече во мај 2008 година.