03 Мај, 2024
0.0243

РЕЦЕПТ: Почна сезоната на настинки, еве како да подготвите домашен Фервекс

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Имате симптоми на настинка или грип? Чувствувате дека ќе се разболите? Со овој домашен напиток ќе го убиете вирусот и ќе спречите да настинката да се развие.

Овој напиток може да се смета како замена за шумливите таблети, а можете да го направите сами.

Во 1,5 литар сварена и оладена на собна температура вода, додадете 1 супена лажица крупна морска сол, сок од 1 лимон и 1 грам витамин Ц во вид на шумлива таблета, кој содржи аскорбинска киселина.

По желба можете да засладите со лажица мед. Убаво измешајте го растворот и консумирајте го во рок од 1,5 час.