29 Мај, 2024
0.0286

„Рециклираме и се маскираме“- прв Еко маскенбал

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Tрговскиот центар „Рамстор“ заедно со „Пакомак“, по повод 1-ви април организираат  Еко маскенбал кој ќе биде натпревар наменет за градинките и основните училишта. Темата на првиот маскембал од ваков тип е Рециклираме и се маскираме“, а задача на младите креативци ќе биде да изработат маски од материјали кои се рециклираат и истите да бидат едукативни, забавни и инвентивни. „За нас 1-ви Април е еден од најубавите празници, затоа што тогаш децата се највесели и најпрепуштени на нивната бескрајна креативност, градските улици се исполнети со колоритни и инвентивни маски, па сакавме таа живост да ја пренесеме и во нашиот трговски центар. А создавањето на еко концептот за изработка на маските беше врз основа на нашите постојани заложби, и преку детското катче „Сезнајковци“ и воопшто како компанија, односно поттикнување на младите на рационално размислување за животната околина во која живеат и поддржување на креативното размислување преку кое децата ќе испратат едукативни пораки“, изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во Рамстор мол центарот. Учесниците во натрепварот можат да се пријават најдоцна до 31 март, до 18 часот на пултот поставен на главниот влез во трговскиот центар „Рамстор“. За избор на најдобра и најкреативна екомаска ќе се погрижи жири комисијата составена од претставник од Рамстор, Пакомак и ликовен педагог.

Можеби ќе ве интересира

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

Новиот Porsche 911: T-Hybrid за значително подобрени перформанси

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

НЕВЕРОЈАТНИ ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади

Доаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади

Колку македонци заминаа на одмор во месец Мај? – ЈК Травел означи почеток на туристичката сезона

Колку македонци заминаа на одмор во месец Мај? – ЈК Травел означи почеток на туристичката сезона

ЖИВКО МУКАЕТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОСКАР НА ХУМАНОСТА“ НА ЦРВЕН КРСТ

ЖИВКО МУКАЕТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕМИУМ ПАРТНЕР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОСКАР НА ХУМАНОСТА“ НА ЦРВЕН КРСТ

Британската инвестиција во Северна Македонија, Salience Consulting, прави дополнителна инвестиција од 2 милиони евра во Скопје за проширување на тимот и купување на поголема канцеларија

Британската инвестиција во Северна Македонија, Salience Consulting, прави дополнителна инвестиција од 2 милиони евра во Скопје за проширување на тимот и купување на поголема канцеларија

Македонското актуарско здружение одбележа 20 години постоење

Македонското актуарско здружение одбележа 20 години постоење

БИЗНИСОТ СО ГРЦИЈА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СО МИЗО И СТАРТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

БИЗНИСОТ СО ГРЦИЈА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СО МИЗО И СТАРТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024

Енергетска поддршка од Имлек протеин на Охрид ultra trail 2024