Русија и САД пак се скараа луто за Сирија
Свиканот итен состанок на Советот за безбедност на ОН наместо да побара излез од ситуацијата стана тешка вербална борба меѓу Русија и Западот.
Објавено во: Свет 26 Септември, 2016 20:57
Лута расправија избувна во Советот за безбедност на ОН поради тековните бомбардирања над Алепо, кои за неколку дена зедоа над 200 жртви меѓу цивилното население во сирискиот град, пренесоа светските агенции.
Бројот на повредените се приближува до 400, а луѓето се оставени без лекови и храна поради неможноста за испорака на хуманитарна помош.
Овој итен состанок на Советот за безбедност на ОН, наместо да се побара излез од ситуацијата, стана тешка вербална борба меѓу Русија и Западот.
Амбасадорот на САД во ОН Саманта Пауер ја обвини Русија за "варварство" поради воздушните напади над Алепо.
„Она што Русија всушност го поддржува во градот, не е борба против тероризмот, туку варварство“, рече таа.
Претставниците на Велика Британија и Франција ја нападнаа Москва дека ја поддржува воената офанзива на својот сојузник - сирискиот претседател Башар Асад.
Кога сирискиот амбасадор беше повикан да говори, амбасадорите на трите западни земји ја напуштија салата во знак на протест.
Од своја страна, постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин потсети дека САД уште не дале објаснувања за загинувањето на над сто цивили во бомбардираниот град Манбидж.
„Зедовме под внимание неприфатлив тон и реторика на претставниците на САД и Велика Британија, кои можат да му наштетат на нашите односи“, коментира и портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




