Русија нема да ја спречи Македонија во понатамошен развој, советниците на Русија на панел дискусија
Објавено во: Македонија 03 Март, 2018 16:30
На денешната панел дискусија организирана од „ Единствена Македонија “, а под името „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ присуствуваа советниците на рускиот претседател Владимир Путин, Леонид Савин и Александар Дугин.
Македонија треба да размисли не за членство во ЕУ, која се распаѓа, туку за некаков балкански сојуз и, секако, за приклучување во Евроазиската економска унија, рече Леонид Савин, советник на рускиот претседател, Владимир Путин
Дугин пак рече дека Русија нема да ја спречува или да ѝ се меша на Македонија за влез во ЕУ или во НАТО и ќе го почитува тоа, дека македонскиот народ и Македонија треба сами да одлучат, но треба да имаат избор.
Инаку Дугин не даде конкретен коментар за Договорот за добрососедство со Бугарија и за процесот за решавање на спорот за името со Грција, туку само рече дека „секој сам треба да одлучува за својата иднина и дека е важно сите словенски народи да се обединат“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




