РУСКИ ДОКТОР ПРЕДУПРЕДУВА: Болниците преполни со млади во тешка состојба
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Април, 2020
Руските здравствени власти се посебно загрижени бидејќи се повеќе хоспитализирани пациенти заразени со Ковид-19 се млади луѓе, кои доаѓаат во тешка состојба и на кој им е потребен респиратор.
Еден од докторите снимил и видео во кое предупредува:
- Ни носат сѐ поголем број на млади пациенти во лоша состојба, на кои им е потребен респиратор. Нашата итна служба е под притисок. Има многу пациенти, секој ден се повеќе и повеќе. Посебно луѓе во 40-тите години.
Инаку, бројот на зарзени во Русија се ближи кон 70.000 пациенти, а само денеска се потврдени нови 5.900 случаи. Половина од инфицираните се во престолнината Москва.