18 Декември, 2025
0.0651

СДСМ бара „заеднички јазик“ со албанските партии - Се што е над Уставот е неприфатливо

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017 19:20

Добивај вести на Viber

СДСМ веќе изготвиле забелешки на предлот законот за употреба на албанскиот јазик кој е доставен од ДУИ, а поддржан и од Алијансата на Албанците. Засега нема официјални информации од инволвираните партии за содржината на предлог законот и во кои одредби тој го надминува Уставот на Република Македонија.

Единствено СДСМ посочи дека штом ќе има нешто ново ќе излезат со официјален став. Според извори на ТВ24 веќе се подготвени нови забелешки кои потоа ќе ги разгледуваат партиите кои застанаа зад албанската платформа.

Зијадин Села од ДПА-ДР упати порака дека решението за албанскиот јазик мора да биде во согласност токму со задничката платформа од која нема отстапки, во спротивно нема да дадат поддршка за формирање на нова влада. 

Инаку по средбата на албанските партии беа дадени сигнали дека Заев може да ги добие потписите со кои би го обезбедил мандатот од претседателот Иванов, но потоа за составување на влада дополнително ќе се преговара за усогласување на партиските платформи. 

БЕСА не дојде на средбата на Ахмети и Села бидејќи не го прифаќаат авторитетот на лидерот на ДУИ и посочија дека албанската платформа нема право никој да ја „приватизира“ за своите потреби. БЕСА, пак е подготвена да даде поддршка со своите потписи за Заев, но исто така ќе чека да види дали сите услови се исполнети за да учествува во составувањето на новата влада. 

Заев, пак го истакна ставот на СДСМ дека нема ништо да биде прифатено што е надвор од уставните рамки. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми