Се одзеде имунитетот на пратениците кои се во притвор
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2017
Собранието на денешната седница расправаше по барањата на судот за симнување на пратеничкиот имунитет на шестмината пратеници кои се во притвор.
Шестмината пратеници се дел од 36-те лица кои основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието.
Со мнозинство од 66/67 гласа „ЗА“ пратениците присутни во собраниската сала одлучија да им се симне имунитетот на шестмината пратеници.
Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски повеќе не ги штити пратеничкиот имунитет.
Како што соопштивме, пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ не беа дел од оваа собраниска седница.