31 Мај, 2024
0.0293

СЕ ОГЛАСИ ЗАЈКОВА ОТКАКО МИФТАРИ ОБВИНИ ДЕКА ИМА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“: Играњето на етничка карта на никому не му носи ништо

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова денеска објави подолг пост на Фејсбук откако заменик директорот на ЈП „Национални Шуми“, Сафет Мифтари обвини дека во претпријатието постои дискриминација врз етничка основа.

Зајкова смета дека, како што наведува во објавата, играњето на етничка карта никому не му носи ништо.

-Никогаш во животот не сум ги делела луѓето според вера, етничка припадност, род, пол, сексуална ориентација, родов идентитет, партиска припадност итн… Во случајот не се работи за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и др… туку исклучиво за партиски интереси и поени.. Дали ако имаме врвен доктор Македонец не треба да работи на клиника или да ја раководи само затоа што е Македонец? Или ако имаме врвен архитект Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Влав итн.. не треба да добие работно место во областа затоа што според балансерот треба да е Македонец? До кога ќе ги делите луѓето по етничка основа, партии, проценти и балансери, место по квалитет, а притоа ќе зборувате за дискриминација?!? Доколку кој било во ЛДП има што било против Албанците или било која друга етничка заедница немаше во своите раководни структури да има Албанци и припадници на други етнички заедници, на кои особено сум горда за придонесот кој го даваат. Еве ако одиме на етничка дискриминација го прашувам раководството на партијата од каде доаѓа Мифтари колку Македонци и припадници на други етнички заедници имаат во раководната структура на партијата?!? До кога ќе молчат за институциите кои ги раководат, а ќе клеветат дека немало Албанци во институција која ја раководи Македонец само затоа што нема директори на подружници од нивната партија?

До кога ќе молчат за дискриминацијата која ја трпат другите маргинализирани групи во државава?

До кога ќе се делиме?

Кој/кого дискриминира?!?

Играњето на етничка карта на никому не му носи ништо, а најмалку напредок во едно општество.

За останатите наводи ако има докази и факти, нека ги достави до надлежните органи.

Одговорноста има име и презиме и никој нема да е заштитен за злоупотреба направена врз Буџетот на државата, за кој придонесуваат единствено граѓаните, пишува Зајкова во објавата на ФБ.

Претходно Мифтари, како што објави Алсат, обвини за омраза, занемарување, дискриминација врз етничка основа и бројни злоупотреби на службената должност од страна на директорот Валентин Груевски. На првиот работен ден, Мифтари вели дека побарал неговото име да биде напишано на албански, но потоа, како што тврди, албанската верзија била покриена со црн спреј и од таблата на влезот во институцијата, објави Алсат.

„Имаме 10 сектори и нема ниеден раководител Албанец во нив. Побарав најмалку тројца раководители и тројца заменик-раководители на сектори, но не беше прифатено. Истото се случува и со регионалните единици, така што ова јавно претпријатие е составено од 30 регионални единици, во секој град и исто и кај тие директорски места, според правичната застапеност треба да имаме 9 директори, но и тоа не е направено, има само тројца од ДУИ“, изјави Сафет Мифтари, Заменик-директор на ЈП Национални шуми.


Можеби ќе ве интересира

ДИМИТРИЕВСКИ: Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме дел од Владата

ДИМИТРИЕВСКИ: Во првиот момент, кога ќе сметаме дека нашиот збор не се почитува, нема да бидеме дел од Владата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судиите не избраа нов претседател на Уставен суд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судиите не избраа нов претседател на Уставен суд

МЕЏИТИ: Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство

МЕЏИТИ: Тројца до четворица пратеници може да преминат од Европскиот фронт во новото парламентарно мнозинство

МАНДАТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАДА: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го додели идната недела

МАНДАТ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАДА: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го додели идната недела

ДУИ: На ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце

ДУИ: На ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

СЕДНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА УТРЕ: Уставните судии не избраа нов претседател кој ќе ја замени Кацарска

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ

КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Со две лица грабнале човек, го однеле на мостот „Беласица“ и му одзеле пари

КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Со две лица грабнале човек, го однеле на мостот „Беласица“ и му одзеле пари

ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Силјановска Давкова да го отповика Фрчкоски затоа што не ја консултирал за Резолуцијата за Сребреница

ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Силјановска Давкова да го отповика Фрчкоски затоа што не ја консултирал за Резолуцијата за Сребреница